Реал Мадрид дури петти: Суперкомпјутерот пресмета кој ќе биде европски шампион!

Во Нион денеска беше одржана ждрепката за осминафиналето во европските натпреварувања, а најголемо внимание секако привлекува Лигата на шампионите.

Осминафиналето од најелитното европско натпреварување ни носи неколку дерби средби, но по одредувањето на паровите започнаа и новите пресметки за освојување на трофејот.

Најголемите шанси според суперкомпјутерот на „Опта“ и понатаму има Ливерпул. „Црвените“ се на врвот на листата со 17.2% шанси да стана европски шампиони, претходно беа исто така лидери на оваа листа, но со 20.2% шанси.

Втора на листата е Барселона со 15.4% шанси, следи Арсенал со 13.6%, Интер има 12.7%, а во топ 5 е уште Реал Мадрид со 11.6%.