Ермосо ќе се жали на казната на Рубиалес - бара построга санкција!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес беше прогласен за виновен во случајот со бакнежот кон Џени Хермосо, но шпанската репрезентативка не е задоволна од казната.

Рубиалес мора да плати парична казна од 10.800 евра, но Ермосо најави жалба на пресудата и бара построга санкција.