Не е само Винисиус, Саудијците го сакаат и Родриго

Веќе неколку месеци постојано се зборува за интересот од саудиската лига (не конкретен клуб, туку лигата) за Винисиус Жуниор, но крилниот играч очигледно не е единствениот фудбалер на Реал кој би можел да се пресели на Блискиот исток.

Заедно со него, Саудијците во пакет го бараат и соиграчот од бразилската репрезентација Родриго иако е неизвесно дали двајцата би играле за иста екипа или не. Винисиус се уште е прв приоритет, но Родриго е фудбалерот кој се повеќе го привлекува вниманието и желба на сите во Саудиска Арабија е и тој да дојде во лигата.

Оваа азиска држава ја доби организацијата на Светското првенство во 2034 година и ги прави сите напори максимално да го популаризира фудбалот во земјата. Се почна со Роналдо, а продолжи со трансфери на уште многу мега-ѕвезди кои треба да помогнат во таа насока.