
НБА изрече суспензија од 25 меча на ѕвезда на Милвоки!
Портис е казнет со 25 меча суспензија поради кршење на анти-допинг програмата. Тој е една од најголемите ѕвезди на Милвоки, покрај Демиен Лилард и Јанис Адетокубмо, па Бакс ќе мораат во следниот период да играат без него.
Кошаркарот на Милвоки бил позитивен на лекот „Трамадол“ кој не е дозволен во НБА-лигата.
Портис оваа сезона во просек постигнува по 13,7 поени, 8,2 скокови и 2,2 асистенции по натпревар.