Јокиќ го вклучи „моторот“ и со дабл-дабл му пресуди на Шарлот (ВИДЕО)

Денвер нагетс триумфираа против Шарлот хорнетс со 129-115 за деветта победа по ред во НБА-лигата, а Никола Јокиќ постигна 29 поени, 17 скокови и девет асистенции.

Кошаркарите на Денвер беа подобри од Шарлот во првата четвртина со 38-30, по што со истата разлика заминаа и на паузата (66-58).

Во третата четвртина Шарлот тргна агресивно и ја намали негативата на три поени (96-99), меѓутоа Денвер го засили темпото во финишот и славеше со 129-115.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џамал Мареј со 34 поени, додека Јокиќ имаше 29 поени и 17 сковокови. На спротивната страна Мајл Бриџис го заврши дуелот со 36 поени.

Останати резултати:

Индијана – Мемфис 127-113
Филаделфија – Бостон 104-124
Атланта – Орландо 108-114
Бруклин – Кливленд 97-110
Њујорк – Чикаго 113-111
Милвоки – Лос Анџелес Клиперс 116-110
Сан Антонио – Феникс 120-109
Портланд – Лејкерс 102-110