Аморим: Наша цел е да ја освоиме Премиер лигата

Maнчестер јунајтед никако не успева да се врати на славните патеки, а работите засега не се како што се очекуваше и со Рубен Аморим на клупата.

Португалскиот стратег на денешната прес-конференција пред новинарите зборуваше за плановите на клубот и истакна дека нивна цел е да ја освојат Премиер лигата до 2028 година.

„Да, зборуваме за тоа. Нашата цел е да ја освоиме Премиер лигата и верувам дека можеме да ги промениме работите во наредните неколку години“, изјави Аморим.

Сепак, Аморим е свесен дека сегашната ситуација во клубот е далеку од потребното ниво.

„Во овој момент сме во тешка позиција, но мораме да сфатиме дека работиме секој ден со мали чекори“, истакна стратегот на „црвените ѓаволи“.

Манчестер јунајтед во овој момент се наоѓа на 13. место на табелата со 29 бодови.