Нгану бара реванш против Фјури или борба со Вајлдер

Поранешниот шампион во УФЦ, Френсис Нгану влезе во светот на боксот и се бореше против Тајсон Фјури на 28 октомври 2023 година, меѓутоа на крајот загуби, иако делуваше дека ќе ја добие победата.

Нгану во разговор со медиумите посочи дека би сакал реванш против Фјури или можеби борба против Деонтај Вајлдер.

„Не знам дали повторно ќе се борам против Фјури, иако би сакал да влеземе во рингот. Имам и друг противник на памет, а тоа е Вајлдер“, кажа Нгану.