ТСЦ се пофали со Андреј Тодороски

Maкедонскиот фудбалер Андреј Тодороски како и што се најавуваше од денеска официјално е нов член на ТСЦ Бачка Топола.

Тодороски прикажуваше одлични настапи во првиот дел од сезоната во дресот на Спартак Суботица и така го привлече вниманието на себе.

Спартак од трансферот на Тодороски ќе добие 450.000 евра, но успеа да договори и 20% од неговата следна продажба.

 Претходно во кариерата Тодороски беше дел од австрискитек лубови: Виена, Виенер и АКА Рапид. Зад себе има настапи и во младинските репрезентации на Македонија.