![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/14/248457-senzacija-na-sp-vo-skijanje-startuvanje-od-26-ta-pozicija-i-dojde-do-zlatoto.jpg?itok=cQhj26jg)
Сензација на СП во скијање: Стартуваше од 26-тата позиција и дојде до – златото!
Ова за него беше трет медал во кариерата од скијачките Мундијали, а втора на ова првенство, откако претходно освои сребро во супер-велеслалом. Хазер стартуваше далеку по најдобрите, но со неверојатна втора трка и вкупно време од 2:39,71 успеа да го остави зад себе целиот елитен состав. По првата трка се наоѓаше на петтото место, но со фантастично извозената втора рунда стигна до шампионскиот трофеј.
На подиумот му се придружија двајца Швајцарци – Томас Тумлер, кој заостана 23 стотинки и Лоик Мејар, кој заврши со 51 стотинка послабо време од Австриецот. За само седум стотинки без медал остана големиот фаворит Марко Одермат, кој се пласираше на четвртото место. Петтото место му припадна на Марко Шварц од Австрија, додека Французинот Матје Фавро заврши шести. Норвежанецот Атале Хауган, кој ја заврши првата трка како лидер, на крајот мораше да се задоволи со осмата позиција. Првите десет места ги комплетираа Хенрик Кристоферсен, Лука Де Алипрандини и Александар Аамод Мекграт.