Лига на шампиони вечерва ќе се игра на стадионот на второлигаш, теренот е ужасен (ВИДЕО)

Во Лигата на шампионите вечерва започнува нокаут фазата, а првиот натпревар го играат Брест и Пари Сен Жермен.

Она што е интересно е што овој натпревар ќе се игра на стадионот на второлигашот Генгамп бидејќи стадионот на Брест не ги исполнува прописите и строгите критериуми на УЕФА. Но, теренот на стадионот на Генгамп е во прилично лоша состојба.

На социјалните мрежи објавени се снимки на кои се прикажува состојбата на тревникот на неколку часа пред натпреварот и на него има многу дупки и места каде што нема трева.

Инаку, Брест беше едно од најголемите изненадувања во првиот дел од Лигата на шампионите и долго време беше во горниот дел на табелата, а потоа падна 18. Место со три порази и дојде до 13 освоени бодови.