![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/11/248207-povtorno-shoutajm-vo-los-andzheles-donchikj-im-se-pretstavi-na-navivachite-lejkers-slavea.jpg?itok=_c-D3ssc)
Повторно шоутајм во Лос Анџелес: Дончиќ им се „претстави“ на навивачите, Лејкерс славеа (ВИДЕО)
Дуелот против Јута Џез беше негов прв меч по пауза од 47 дена и иако не беше на своето ниво, имаше неколку спектакуларни потези со кои најави блескави денови во Калифорнија, а во исто време потсети на шоутајм периодот кога таму играше Меџик Џонсон. На истекот на првата минута ја имаше првата асистенција и тоа „цепелин“ кон Хејс, а својот прв кош како играч на Лејкерс го постигна во четвртата минута со тројка.
Словенецот го заврши натпреварот со 14 поени, 5 скока и 4 асистенции, но на теренот помина само 23 минути. Пред него беа неколку играчи, Ривс постигна 21, Хачимура 22, а Леброн Џејмс 24 поени. Сепак, најважно е тоа што Лејкерс победија против Јута со 132-113 за шести триумф во низа со кој се зацврстија на четвртата позиција на табелата во Западната конференција.
Натпреварот не сакаше многу да ги оптоварува своите ѕвезди и со оглед на големата разлика, на Редик повеќе му послужи да види како ќе функционираат Дончиќ и Леброн. Добра вест е одличната форма на Ривс кој петти натпревар по ред постигна 20 или повеќе поени, првпат во својата кариера.