Македонец седна на клупата на Војводина

Maкедонскиот тренер Владимир Мирковски е нов предводник на кошаркарите на Војводина, потврди српскиот клуб.

Војводина одлучи да се раздели со тренерот Милош Исаков Ковачевиќ кој поради здравствени проблеми не можеше да ја извршува функцијатта, а на негово место доаѓа Мирковски.

Поранешниот тренер на Куманово долго време е присутен на нашата сцена и сега добива можност да се докаже во Војводина која има сериозни амбиции.

Голем тест Мирковски го чека уште на дебито бидејќи неговиот тим ќе се соочи со Партизан на Жељко Обрадовиќ во Купот на Србија. Покрај Куманово, Мирковски во својата кариера беше и помошник во МЗТ Скопје, а двапати го добиваше признанието за најдобар тренер во Македонија (2013 и 2015 година).