Денвер го прегази Портланд, Јокиќ броеше до 40 (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа девет натпревар, а најубедлив беше Денвер кој пред своите гледачи го декласираше Потланд со 146-117 и така стигна до својата седма победа во низа.

Денвер во овој момент има најдолга низа на победи од сите 30 екипи во НБА лигата и се наоѓа на третото место на Западот со скор од 35 победи и 19 порази.

Најдобар поединец и во овој натпревар беше Никола Јокиќ кој постигна 40 поени, додавајќи седум скокови и осум асистенции што е под неговиот просек во тие категории сезонава. Поради убедливата разлика, Јокиќ на теренот помина и 31 минута и одмараше во последната четвртина.

На одличниот учинок додаде уште и три украдени топки. Сезонава Јокиќ е на просек од 29.6 поени, 12.7 скокови и 10.3 асистенции.

Зад Јокиќ следеше Крис Браун со 26 поени, додека кај Портланд најдобар беше Далано Бантон со 22 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Минесота 128-107, Орландо – Атланта 106 – 112, Вашингтон – Сан Антонио 121-131, Бруклин – Шарлот 97-89, Мајами – Бостон 85-103, Милвоки – Голден Стејт 111-125, Оклахома – Њу Орлеанс 137-101, Далас – Сакраменто 128-129 пп, Денвер – Портланд 146-117, Лејкерс – Јута 132-113.