
Ѓоковиќ падна едно место на АТП листата
Тој не играше на ниеден турнир оваа недела бидејќи заздравува од повредата што ја доживеа во Мелбурн, а неговите конкуренти го искористија тоа за да го потиснат на седмото место. Конкретно, станува збор за Алекс де Минор кој обезбеди пласман во финалето од турнирот во Ротердам и во моментов има 115 бода повеќе од Ѓоковиќ.
Разликата може да биде дополнително зголемена ако Де Минор слави во утрешното финале, против Алкараз или Хуркач.