На Ѓоковиќ му се заканува нов колапс, може да падне и на осмото место
Со оглед на тоа што е повреден, тој не настапува на некој од турнирите кои се во тек, а неиевесно е кога ќе се врати на терените и покрај тоа што пред неколку дена беше објавена дека повредата не е тешка. Во зависност од резултатите на ривалите, тој би можел да падне до осмото место на АТП листата.
За да се случи тоа, потребно е Данил Медведев да стигне барем до полуфиналето, а Алекс де Минор да стигне до финалето на турнирот во Ротердам на кој двајцата учествуваат. Со вакво сценарио Ѓоковиќ го очекува тешка работа на силните турнири затоа што уште во раната фаза би се сретнал со сега најдобрите на АТП листата.
Ова може да се смени ако повредата навистина не е тешка и тој настапи на уште некој турнир пред сезоната на земја. Медиумите во Србија најавија дека ќе може да игра во Доха, а потоа претстојат Мастерсите во Индијан Велс и Мајами каде од лани брани само 50 бода и со евентуален добар настап би се искачил погоре на АТП листата.