Голема победа за Јувентус: Влаховиќ ја „скина“ мрежата на Емполи (ВИДЕО)
Де Шиљо им донесе предност на гостите по само четири минути игра, по што Емполи одолеа на нападите на „Старата дама“ во првото полувреме.
Јувентус го најави пресвртот во 61. минута со голот на Коло Муани, кој набрзо стрелаше и втор пат за 2-1.
Влаховиќ на истекот на регуларните 90 минути постигна прекрасен гол, откако издрибла неколку противнички фудбалери, а потоа со „бомба“ ја „скина“ мрежата на ривалот.
Консеисао беше стрелец на последниот погодок на Јувентус, кој славеше со 4-1 и со новите три бодови скокна до четвртата позиција во лигата.
VLAHOVIC GOLLLLLL pic.twitter.com/c7SYF0NZuu
— Juventus News Live (@juvenewslive) February 2, 2025