Баерн прими два гола во судиското продолжение, но победи, славеше и Борусија (ВИДЕО)

Екипата на Баерн Минхен немаше проблеми и продолжи со победите во германската Бундеслига откако денес на свој терен баварците го совладаа Холштајн Кил со 4-3.

Победата за домаќините ја најави Џамал Мусиала со голот по 19 минути игра, додека Хари Кејн во завршницата од првиот дел се погрижи за 2-0.

Само што започна второто полувреме по една минута игра, Кејн постигна и втор гол за веќе високи 3-0, а за 4-0 се погрижи Серж Гнабри во 54. Преку Порат по половина час игра гостите намалија на 4-1 за потоа во финшот да блеска Скрибски кој постигна два гола во 91. и 93. минута, но за нешто повеќе време немаше.

По 20. кола во Бундеслигата Баерн на врвот има 51 бод, девет повеќе во однос на Леверкузен е на 42 освоени бодови.

 

По четири натпревар без победа Борусија Дортмунд денеска конечно ги израдува своите навивачи со триумд над Хајденхајм на гости о 1-2. Стрелци за „милионерите“ беа Гираси во првото и Беирер во вториот дел. Утешниот погодок за домаќините го постигна Хонсак.

На останатите средби Фрајбург со 0-1 беше подобар од Бохум, гостинска победа славеше и Менхегладбах кај Штутгарт, додека Сент Паули и Аугусбург одиграа 1-1.