Ретегуи трагичар, Аталанта не го победи Торино (ВИДЕО)
Избраниците на Џан Пјеро Гасперини не успеаа да остварат триумф и така полека го губат чекорот со водечките тимови на табелата. Најзаслужен што Торино остана непоразен во овој натпревар е голманот Вања Милинковиќ-Савиќ кој одбрани пенал.
Аталанта стигна до водство со голот на Џимшити во 35. минута, но само пет минути подоцна Марипан погоди за 1-1. На крајот тој резултат се покажа и како конечен.
На табелата Аталанта по 23 одиграни натпревари има 47 бода, Интер со 21 е на 50 бода и Наполи со 22 е лидер со три повеќе.