Ролингстоунс гo откажаa концертот, Ел Класико ќе се игра според предвиденото

Второто лигашко Ел Класико за оваа сезона ќе се одржи на Монжуик иако минатата недела се шпекулираше дека е можно да се игра надвор од Каталонија, па дури и надвор од Шпанија.

Предвидено беше за периодот од 10 до 12 мај, на Олимпискиот стадион во Барселона концерт да одржи рок-групата Ролингстоунс, но тој дефинитивно е откажан и повеќе нема пречки за најголемото европско фудбалско дерби. Желба на раководството на Барселона, но и на навивачите беше гигантот да се врати на Камп Ноу, но извесно е дека дотогаш стадионот нема да биде во оптимална состојба за одржување натпревари.

Барселона до мај ќе има задача да не излезе од борбата за титулата и да не пукне срам со тоа што ќе мора, евентуално, на домашен терен, да направи шпалир и на Реал да му ја честита шампионската титула. Во моментов разликата меѓу двете екипи е шест бода, а дербито се игра во 35. коло.