Тодороски му даде гол и на Партизан (ВИДЕО)
Тодороски го постигна првиот гол на натпреварот во 28. минута со кој донесе предност за својот тимот. Десет минути подоцна Томовиќ зголеми на 0-2.
Партизан го избегна поразот со двата гола на Калулу во 74. и 89. минута. Спартак по 21 коло се наоѓа на 13. позиција на табелата со 22 бода, додека Партизан е второпласиран со 42 бода, но со заостанување од 16 бода зад Звезда.