Битолчани немоќни во Гевгелија: Кожув го „преслуша“ Пелистер!
Пелистер во последно време не е во најдобра форма и во минатото коло славеше победа по двата порази во низа од Куманово и МЗТ, а сега одново запиша неуспех и тоа убедлив.
Парираа гостите од Битола само во првата четвртина кога сепак Кожуф и таму имаше водство со 28-23. Со стартот на вториот период дојде и падот на играта во гостинскиот состав, па така на одмор домаќините заминаа со највисоки до тој момент „плус 17“ (52-35).
Во третиот период Кожув само ја одржуваше високата предност и не дозволуваше на противникот да се доближи. Последната четвртина донесе водство за гевгеличани и од 28 поени разлика, а Пелистер до крај успеа само да го ублажи на „минус 18“.
Најрасположен во редовите на победничкиот состав беше Стевановиќ со 31 поен, додека за Пелистер Мишковиќ постигна 19.
Кожув со овој триумф скокна до третата позиција со 26 бода, колку што има и Пелистер, но битолскиот состав шести.