
Мората го откажа летот за Истанбул и разочара 30 илјади фанови на Галатасарај
Напаѓачот денеска стави потпис на договорот со Галата и веќе се фотографираше со директорите на турскиот тим, но на патувањето за Турција ќе мора да причека барем до утре. Нема сомнение дека, без разлика кога ќе стигне во Истанбул, ќе му биде приреден спектакуларен пречек.
Пред заминувањето на Мората на Балканот, се појавија нови информации во врска со неговиот премин во Галатасарај. Првичните беа дека тој оди на перманентен трансфер од кој Милан ќе инкасира 16 милиони евра, а сега се зборува дека се работи за 18-месечна позајмица со можност за откуп на договорот за осум милиони евра.