Капитенот на Милан замина по караницата со Консеисао

Милан е активен во завршницата од преодниот рок, поради тоа што дел од фудбалерите го напуштаат калчолигашот, а еден од нив е капитенот Давиде Калабрија.

Калабрија на 26 јануари имаше жестока вербална пресметка, која за малку не премина во тепачка, со тренерот Сержо Консеисао, по што капитенот решил да си замине.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Калабрија решил веднаш да ги напушти „росонерите“ и да потпише за Болоња.