
Ливерпул не блескаше, но Салах го „реши“ Бормут (ВИДЕО)
Бормут во добра форма го дочека натпреварот со „црвените“ и денес се покажа како противник кој знае да биде опасен. Салах го отвори резултат по половина час игра со гол од пенал.
Само осум минути подоцна Брукс ја затресе мрежата на гигантот од „Енфилд“, сепак тој погодок беше поништен по реакција од ВАР поради офсајд.
Имаше свои шанси Бормут и во вториот дел, а кога не ги искористи, Салах казни со својот втор гол за конечни 0-2. Бортму може да жали за големата прилика која ја имаше Клајверт во 70-тата минута при резултат 1-0 кога промаши празен гол.
На табелата Ливерпул со овие три бода дојде до 56, девет повеќе од Арсенал и Нотингем Форест на втората и третата позиција.
На останатите средби во истиот термин, Фулам со 1-2 го совлада Њукасл, а со истиот резултат славеше и Саутемптон на гости против Ипсвич. Најубедлив беше Евертон кој го победи Лестер со 4-0.