Лејкерс газат пред себе: Дончиќ и Леброн го сомлеа и Њујорк (ВИДЕО)

Иако со многу проблеми, Лос Анџелес Лејкерс дојде до осмата победа во низа откако утринава на домашен терен го победи Њујорк Никс со 113-109 по продолжение.

Изгледаше дека серијата на тимот од Калифорнија кога во третата четвртина гостите поведоа со 13 поени разлика, а во последната имаа +10. Лејкерс, сепак, го свртеа резултатот во своја корист и беа многу блиску до победа уште во основниот дел од мечот бидејќи поведоа со 99-96. Се појави Брансон кој погоди под фаул и го одведе мечот во продолжение каде исто така се водеше голема борба, но Лејкерс во финишот беа подобри од линијата за слободни фрлања и дојдоа до осмата победа по ред.

Во клучните моменти се повреди најдобриот играч на Њујорк, Џејлен Брансон кој мораше да замине во соблекувална, а без него, Никс не успеаја повторно да се вратат во игра.

Брансон го заврши натпреварот со 39 поени и 10 асистенции, но Лејкерс ги имаше Лука Дончиќ и Леброн Џејмс кои го „поништија“ неговиот ефект. Првиот постигна 32 поена, 12 скока и 7 асистенции, а вториот имаше 31 поен, 12 скока и 8 додавања. Пред Лејкерс е исклучително тежок тест, против актуелниот шампион Бостон на негов терен и тоа ќе биде мошне важен меч во борбата за второто место на Западот.

РЕЗУЛТАТИ
Орландо - Чикаго 123-125
Атланта - Индијана 124-118
Бостон - Филаделфија 123-105
Бруклин - Голден Стејт 119-121
Њу Орлеанс - Хјустон 97-109
ЛА Лејкерс - Њујорк 113-109