Клајверт се посрамоти: Промаши празен гол против Ливерпул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул имаа водство на гости кај Брајтон, но резултатот можеше да биде поинаков ако Џастин Клајверт реагираше подобро во идеалната прилика која ја имаше.

На 20-тина минути пред крајот на средбата напаѓачот на Бормут по една одбиена топка од стативата се најде во позиција на празен гол пред себе и „успеа“ да промаши.