Несторовски стрелец во ремито на Славен Белупо (ВИДЕО)

Maкедонскиот напаѓач Илија Несторовски денеска го постигна својот трет гол во сезоната и тоа во ремито на Славен Белупо.

Славен Белупо одигра 1-1 на гости кај Шибеник, а Македонецот го доведе својот тим во водство по само две минути игра.

Погодокот на Несторовски само неколку дена откако го продолжи договорот со хрватскиот тим на уште една сезона.

На табелата Славен Белупо по 20. кола се наоѓа на шестата позиција со 22 освоени бодови.