Хет-трик на Дембеле, ПСЖ „пукна петарда“ против Брест (ВИДЕО)
Осман Дембеле блесна со хет-трик, додека преостанатите два гола беа дело на Гонзало Рамош.
ПСЖ со овој триумф ја продолжи доминацијата во меѓусебните натпревари против Брест од кого не изгубил во последните 30, односно последен пат Брест го победи ПСЖ пред 40 години.
Овие два тима на 11 и 19 февруари ќе се сретнат и во баражаот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите и јасно е кој ќе ја има фаворитската улога.