Кејн како никој друг: Испиша историја во Бундеслигата

Екипата на Баерн Минхен денеска со 4-3 славеше победа во Бундеслигата над Холштајн Кил, а историја во овој натпревар испиша англискиот голгетер, Хари Кејн.

Кејн постигна два гола и така дојде до бројката од 54 погодоци во своите први 50 настапи во најсилната германска лига и тоа е рекорд бидејќи никој не стигнал побрзо од него до таа бројка.

Погодоците Кејн денеска ги постигна во судиското продолжение од првото полувреме и на самиот старт од второто.

Баерн во судиското продолжение прими два гола, но во моменти кога веќе имаше предност од 4-1, па ги освои трите бода.