
Леброн Џејмс нападна новинар кој се дрзна да го критикува неговиот син (ВИДЕО)
Многумина сметаат дека Лејкерс го ангажираа Брони главно поради неговиот татко, а меѓу нив е и познатиот НБА аналитичар Стивен Смит. Тој јавно истакна дека Брони не би бил во лигата доколку не беше син на „Кралот“.
„Леброн, како татко те молам да престанеш со ова. Сите знаеме дека Брони е во НБА само поради тебе. Првиот натпревар од сезоната беше емотивен момент – татко и син заедно на теренот. Но, потоа доаѓа реалноста. Го поддржуваме во развојната лига, каде што треба да се усовршува и докаже. Верувам дека може да го направи тоа. Тој е одлично момче и му посакувам успех, но сите знаеме каква тежина носи неговото презиме. Неговата статистика кажува сè. Како му помагаш со ова?“, кажа во етер Смит.
Неговите коментари не останаа без одговор. По победата на Лејкерс против Њујорк никс (113-109 по продолженија), Леброн Џејмс се соочи со аналитичарот. Според неофицијални информации, му се обратил директно и остро.
„Ќе ти кажам уште еднаш, брате – не го спомнувај мојот син повеќе во програма!“, кажал Леброн.
Инцидентот создаде непријатна атмосфера, а останува да се види дали Стивен Смит ќе ја сфати сериозноста на пораката на Леброн.