Керик со емотивно писмо се прости од навивачите на Манчестер Јунајтед (ФОТО)

Мајкл Керик објави емотивно писмо до навивачите по заминувањето од тренерската функција во Манчестер Јунајтед.

Поранешниот англиски репрезентативец им се заблагодари за поддршката и нагласи дека водењето на тимот за кој навива е една од најголемите привилегии во неговиот живот.

„Имав огромна привилегија да го водам Манчестер јунајтед. Малкумина успеале во такво нешто. Со таа улога доаѓа и голема одговорност. Знам дека во последно време не ги остварувавме резултатите што ги посакувавме, но вие ми дававте само љубов и поддршка, во моменти кога беше најлесно да ни го свртите грбот. Тоа ми значи повеќе од една или две победи. Токму тоа ве прави посебни. На Манчестер Јунајтед му посакувам само успеси. Овој клуб беше огромен дел од мојот живот и тоа никогаш нема да се промени. Секогаш ќе бидам горд на својот придонес, а отсега ќе бидам тука со вас, ќе го следам тимот од страна и ќе навивам за момците“, напиша Керик.

Фото: Facebook/Manchester United