Реал го договори првото засилување за следната сезона: Доаѓа голем талент од Гана!

Реал Мадрид го договори првото засилување за следната сезона. Шпанскиот гигант постигна договор за ангажман на младиот фудбалер за врска од Гана, Латиф Исман.

Исман од летото 2027 година ќе се приклучи на вториот тим на клубот, Реал Мадрид Кастиља, каде што ќе се следи неговиот напредок.

„Кралевите“ во него гледаат како на талент со потенцијал во иднина да се избори и за место во првиот тим.