Драстични казни по тепачката во Абу Даби: Нурмагомедов и другарите завршија во затвор! (ВИДЕО)

Бруталната тепачка во Абу Даби, во која беа вмешани ѕвездата на ММА, Усман Нурмагомедов, и поранешниот шампион на УФЦ, Мераб Двалишвили конечно доби епилог откако Судот во Абу Даби изрече затворски казни за осум лица поврзани со тепачката во хотелот.

Шестмина обвинети, меѓу кои и Нурмагомедов, добиле по шест месеци затвор. На секој од нив му е изречена и парична казна од околу 70.000 евра, а по издржувањето на казната ќе бидат депортирани од Обединетите Арапски Емирати.

Уште две лица добиле идентични затворски и парични казни, но поради снимање и објавување на видеото од тепачката, со што ги прекршиле законите за заштита на приватноста.

Двалишвили и неговиот пријател, кои беа нападнати, ќе мора да платат само парични казни од по 12.000 евра.