Претседателот на Ла Лига: Бараме начин како да ја поништиме регистацијата на Олмо!
Претседателот на шпанската лига смета дека Барселона ги прекршила правилата и на нерегуларен начин сака да го користи Олмо за вториот дел од сезоната.
„Бараме начин како да ја поништиме регистацијата на Олмо“, призна Тебас во разговор со медиумите.
Шпанецот оваа сезона настапи на 18 меча за каталонскиот гигант, а притоа постигна шест голови и три асистенции.