Паднаа сите рекорди: Шкотланѓанец вреден 700.000 евра доаѓа во Гостивар!
Станува збор за 30-годишен напаѓач кој во „есенската“ полусезона беше член на Хелсинки со кого настапи и во Конференциската лига и постигна три гола против Клаксвик од Фарски Острови во квалификациската рунда. Претходно, освен во шкотското првенство, настапувал и во Либан, Иран и неколку англиски клубови од кои најпознат е Лидс Јунајтед чиј член бил во сезоната 2015/16, во Чемпионшип дивизијата.
Ирвин би дошол во Гостивар како слободен играч, а ќе биде еден од највредните фудбалери во македонскиот шампионат бидејќи Трансфермаркт го процени на 700 илјади евра.