Алиловиќ ги изнервира Унгарците: Полесно ќе ни биде со нив, отколку со Словенија

Хрватскиот ветеран Мирко Алиловиќ на интересен начин го најави четвртфиналниот дуел од Светското ракометно првенство меѓу неговата репрезентација и Унгарија.

Тој смета дека на „коцкестите“ ќе им биде многу полесно сега, отколку во неделата кога мораа да ја совладаат Словенија за да се пласираат во четвртфиналето.

„Унгарците не блескаа досега, изгубија од Франција со 10 разлика (всушност 7 н.з.). Мислам дека сме многу подобра екипа и дека ќе имаме полесна работа, отколку против Словенија. Иако имаат добри играчи, ние сме подобри на секоја позиција“, рече Алиловиќ.

Неговата изјава наиде на револт во унгарската јавност, пред се бидејќи 39-годишниот голман на Висла Плоцк е многу добро познат таму. Дури 12 години од својата кариера тој помина во Унгарија, во екипите на Веспрем и Сегед и оттаму очекуваа повеќе респект од него.