Се пензионираше Шпанецот кој со Вардар стана европски шампион
Поранешниот ракометар на Вардар и шпански ветерен Жоан Кањелас на 38 години објави дека ја завршува играчката кариера.
Кањелас во редовите на Вардар настапуваше две сезони од 2016 до 2018 година со кој триумфираше и во Лигата на шампионите, а беше дел уште од: Гранолерс, Барселона, Суидад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург, Кил, ПИК Сегед и Кадетен Шафхаузен.
„Дојде денот и официјално да е пензионирам. По летото во кое работите не одеа како што се надевав најдобар начин да ја завршам оваа фаза беше да се вратам од каде што потекнувам и благодарен сум за се што ми беше исполнето“, објави Кањелас.
Во кариерата Кањелас долги години беше и шпански репрезентативец со што одигра 237 натпревари и постигна 570 голови за „Црвената Фурија“.