Канонада на Ел Мадригал: Виљареал за 7 минути ѝ даде 4 гола на Мајорка (ВИДЕО)

Не помина ни половина час игра на Ел Мадригал, а Виљареал веќе има водство од 4-0 во дуелот со Мајорка.

Сите четири гола беа постигнати во период од само 7 минути и 26 секунди кон средината на полувремето. Отвори Коста по 19:52 минути игра, продолжија Баена и Парехо во 24 и 26. минута, а точка на канонадата стави Пино по 27:18 минути.

Интересно е што ова не е рекорд во шпанското првенство кога станува збор за најбрзо постигнати четири гола на една екипа на натпревар. Најдоброто достигнување го има Валенсија која во 2013 година ѝ даде четири гола на Малага за 5:55 минути.