Ферари го престави Хамилтон: Заедно почнуваме нова историја (ФОТО)

Луис Хамилтон од денес и официјално ја започнува својата нова епизода во кариерата како возач на Ферари.

Британецот за првпат се појави во Маранело каде што се претстави пред фановите. По 13 успешни години во Мерцедес, Хамилтон сега ќе го вози болидот на Ферари, а тимски колега ќе му биде Шарл Леклер.

Првиот тест во подготовките за новата сезона Хамилтон ќе го има в среда.

„Постојат денови кои ќе ги паметите засекогаш, а еден таков за мене е денешниот, прв како возач на Ферари. Имав среќа што пристигнувам со некои постигнати работи во кариерата. Никогаш не мислев дека е мож но, но дел од мене секогаш сонуваше за трка во црвена боја. Не можам да бидам посреќен што денес го остварив тој сон. Почнуваме нова историја на овој култен тим, а јас едвај чекам да видам каква приказна ќе испишеме заедно“, изјави Хамилтон.