Првата фаза заборавена - се кова тактика за победа над Австрија (ФОТО)
Денеска работната задача на македонските ракометари беше „Австрија“, се анализираше и се тренираше за утрешниот дуел против таа селекција, нашиот прв противник во втората фаза.
Денешниот тренинг беше одработен во позитивна атмосфера, Лазаров ги има сите ракометари во строј.
Натпреварот против Австрија на програмата е утре (вторник) со почеток од 15:30 часот.