Два клуба преговараат со Јунајтед за Гарначо, едниот е директен ривал во Премиерлигата

Ситуацијата на Алехандро Гарначо е отворена, тој би можел да замине од Олд Трафорд до крајот на преодниот рок, а два клуба покажуваат особен интерес.

Едниот е Наполи, Антонио Конте дури имал и директен контакт со Гарначо со цел да го убеди да се пресели во неговиот тим.

Наполи откако остана без Кварацхелија, во Гарначо гледа замена за Грузиецот.

Вториот клуб кој е загреан за Гарначо е Челси, тие го контактирале Манчестер јунајтед распрашувајќи се за условите. Во наредните денови се очекува да се интензивираат разговорите меѓу овие два клуба.

Побезболно за Манчестер јунајтед е Гарначо да замине во странство отколку да остане во Премиерлигата.