Изненадување од Шпанија: Анчелоти донел одлука - заминува!

Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти донел одлука да замине на крајот од сезоната, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

Веќе подолг период се најаувва дека Чаби Алонсо ќе биде замена за италијанскиот стратег кога тој ќе го напушти Мадрид. Анчелоти има договор со Реал Мадрид до 2026 година, но според последните информации донел одлука да замине.

Како што се наведува одлуката на Анчелоти е конечна, без оглед како Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната. Во овој момент „кралевите“ се лидер во Ла Лига, а неодамнаа остаа без Суперкупот на Шпанија каде што беа поразени од Барселона.

Анчелоти ужива во секој ден во клубот, меѓутоа наводно чувствува дека е време да направи нов чекор и тоа не е пензија, туку преселба во друга земја. Се споменуваше дека е главен кандидат за клупата на Бразил, но тоа во овој момент е малку веројатно.

Кога е неговата замена во прашање и понатаму, Алонсо е прв фаворит, Шпанецот има договор со Леверкузен до 2026 година. Тоа значи дека Реал за да го доведе ќе треба да плати оштета, меѓутоа за „кралевите“ веројатно нема да биде проблем.