Од лош полош: Синот на Леброн шест натпревари не постигнал поен

Брони Џејмс на „грбот“ на својот татко доби четиригодишен договор со Лејкерс вреден 7.9 милиони долари, но се појасно станува дека 20-годишникот едноставно нема квалитет да настапува во НБА лигата.

Во градското дерби против Клиперс, Брони одигра две минути, а сите статистички колни му останаа празни, исто како и на претходниот натпревар против Далас.

Колку лошо игра Брони најдобро покажува податокот дека во последните шест натпревари во НБА лигата не постигна ниту еден поен. Пред Клиперс и Далас на „нула“ остана во дуелите со Атланта, Портланд, Торонто и Филаделфија.

Последен пат Брони постигна поени на 7 ноември минатата година против Мемфис и тоа од слободни фрлања.

Во актуелната сезона од НБА сезона настапи на десет натпревари во кои оствари просек од 0.4 поени, 0.1 скок и 0.3 асистенции по натпревар.