Милан немаше муниција, Јувентус го доби дербито! (ВИДЕО)

Јувентус славеше во дербито против вечниот ривал Милан со 2-0 во 21. коло од италијанската Серија А.

Двете екипи во првото полувреме имаа неколку убави шанси, меѓутоа одбранбените фудбалери беа на висина на задачата, па мрежите мируваа до паузата.

„Старата дама“ во второто полувреме го отвори резултатот со погодокот на Мбангула, по што победата ја запечати Веа во 64. минута.

Јувентус со оваа победа скокна до четвртата позиција и има 37 бодови, додека Милан остана на осмото место со 31 поен.