Аморим не го враќа Рашфорд: Го правам тоа што мислам дека е најдобро за тимот!

Рубен Аморим четврти пат по ред не го стави Маркус Рашфорд во составот на Манчестер јунајтед, напаѓачот не е ниту на клупата за резерви.

Манчестер јунајтед реди порази, притисокот врз Аморим се зголемува, па неговите потези се гледаат низ лупа.

Највпечатливиот потег е изоставувањето на Маркус Рашфорд од тимот.

„Само го правам тоа што мислам дека е најдобро за тимот. Ќе продолжам со мојата идеја до крај“, вели Аморим на прашањето за изоставувањето на Рашфорд.

„Причината за изоставувањето е секогаш иста. Па ако не е тука, може сами да заклучите зошто не е“.

Во меѓувреме се шпекулира дека Рашфрод е на пат да го напушти Манчестер јунајтед уште во јануари.

Неколку гиганти се интересираат за него, се поврзува со Атлетико Мадрид, Барселона, Фенербахче и Ал Хилал.