Швајцарците доминираа во Борми, Одермат и со „хендикеп“ во топ 5 (ВИДЕО)

На денешната спуст трка во Борми доминираа Швајцарците, победа запиша Алексис Монеј, додека Вон Алмен беше зад него, но посебно внимание во трката привлече и најдобриот скијач Марк Одермат.

Колку Швајцарците се доминантни во овој момент покажува и тоа што во топ 10 имаа уште тројца: Одермат заврши петти, Мурисиер шести, а Марк Кохлер деветти.

Одермат на денешната трка имаше и многу среќа бидејќи во еден момент се спасуваше од пад и за негова среќа успеа да се задржи на нозе. Сепак, во таа ситуација му се отвори и воздушниот јастук па до целта скијаше со голем хендикеп.

Без оглед на успорувањето Одрмат стигна до најдобрите пет со 8 стотинки задоцнување за Монеј и само осум од третопласираниот Камерон Александер.