Србинот Митровиќ незадоволен: Му ја „украде“ ли Роналдо заслужената награда?

Кристијано Роналдо беше избран за најдобар фудбалер на Блискиот Исток, а српскиот напаѓач Александар Митровиќ смета дека таквата одлука е неправедна.

Португалецот не освои ниту еден трофеј со Ал Наср, додека Митровиќ во Ал Хилал се израдува на три. Освен тоа Роналдо нема и некои посебно подобри индивидуални бројки од Србинот.

Во 2024 година Португалецот постигна 43 гола и додаде седум асистенции, а Митровиќ дојде до еден гол помалку и асистираше за уште пет.

„Малку е разочарувачки, ако се земе во предвид дека ги освоивме сите можни трофеи во Саудиска Арабија и сите знаеме како стојат работите кога се таквите награди во прашање“, изјави Митровиќ.

Фанови на социјалните мрежи исто така коментираа дека Митровиќ многу повеќе го заслужнил споменатото признание од Роналдо. Во актуелната сезона Митровиќ и Ал Хилал со 34 бода се втори зад Ал Итихад кој е на 36 бода. Ал Наср веќе заостанува со 25 освоени бодови.