Деко работи да ја „украде“ главната трансфер цел на Реал Мадрид!
Барселона се вклучува во трката по Тренет Александер-Арнолд кој се чинеше дека ќе биде сигурно засилување за Реал Мадрид.
Договорот на Александер-Арнолд со Ливерпул истекува по крајот на оваа сезона и гласините се дека тој најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, тој е главната цел на кралскиот клуб за следното лето.
Но, „Ел Национал“ пишува дека и Барселона се вклучила во трката, Деко веќе ја почнал мисијата да го донесе бекот на Камп Ноу.
Барселона е во финансиски тешка ситуација, но Александер-Арнолд ќе биде слободен играч, па Каталонците нема да треба да платат обесштетување.
Последниот збор ќе го има фудбалерот кој самиот ќе одлучи каде ќе биде неговата иднина.