Гилџес-Александер броеше до 45, Мемфис до 155 (ВИДЕО)
Тоа е деветти триумф по ред за лидерот во Западната конференција, а Гилџес-Александер вторпат во низа ја мина границата од 40 поени откако на дуелот против Вашингтон во понеделникот застана на 41. Со тоа стана прв играч на Оклахома кој на два меча по ред постигнал 40 или повеќе поени по Расел Вестбрук во 2019 година, а во историјата на франшизата, тоа им успеало само уште на Пол Џорџ, Кевин Дурант и Дејл Елис. Канаѓанецот е можеби најголем ривал на Никола Јокиќ за МВП признанието оваа сезона со оглед на тоа што неговиот тим има одлично, а тој е лидер.
За Оклахома, тоа беше 24. победа во 29. натпревар оваа сезона и сега е далеку пред второпласираниот Хјустон од кого има и меч повеќе.
Рекордна вечер имаше и екипата на Мемфис Гризлис моја уште еднаш докажа дека третото место на табелата во Западната конференција не е случајност и дека има исклучително потентен напад оваа сезона. На домашен терен, Мемфис го прегази Торонто со 155-126 притоа поставувајќи два рекорда. Постигнатите 155 поени се рекорд на една екипа во НБА лигата оваа сезона, но и рекорд на франшизата која постои од 1994 година и почна во Ванкувер за подоцна да се пресели во Мемфис.
Синоќешната победа беше трета на последните четири натпревари на Гризлис, а Торонто го претрпе деветтиот пораз во низа и сега има биланс 1/14 на гостински терен оваа сезона. И покрај тоа што тимот постигна 155 поени, ниеден играч на Мемфис не отиде над 21 на своето конто. Најефикасен беше Зек Еди кој додаде и 16 скока, Бејн застана на 19, а Велс на 17. Кај Торонто, а воедно и на натпреварот, најефикасен беше Берет со 27 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана - Оклахома 114-120
Орландо - Мајами 88-89
Вашингтон - Шарлот 113-110
Атланта - Чикаго 141-133
Мемфис - Торонто 155-126
Милвоки - Бруклин 105-111
Њу Орлеанс - Хјустон 111-128
Портланд - Јута 122-120
Сакраменто - Детроит 113-114