Вембањама не можеше сам: Њујорк со помош на Бриџис го урна Сан Антонио

Кошаркарите на Њујорк никс триумфираа против Сан Антонио спарс со 117-114 во првиот божиќен натпревар во НБА-лигата, а неверојатни на теренот беа Виктор Вембањама во поразениот тим, но и Микел Бриџис кај победниците.

Уште во првата четвртина беше најавено вистинско возбудување на паркетот, а на полувреме Сан Антонио замина со предност од 58-51.

На почетокот на третата четвртина и двете екипи продолжија во ист ритам, а потоа блесна Бриџис кој во последната четвртина беше незапирлив за Њујорк и му донесе победа на својот тим.

Бриџис беше најефикасен кај Њујорк со 41 поен, додека Карл-Ентони Таунс му помогна со 21, додека Вембањама запиша 42 поени и 18 скокови за Сан Антонио.